„Актерот и просторот“ од Деклан Донелан – ново издание од Театар Комедија


Театар Комедија го издаде капиталното дело „Актерот и просторот“ од Деклан Донелан.

Деклан Донелан е еден од највлијателните британски театарски режисери, ко-основач на прочуената компанија Cheek by Jowl. Неговата работа ја обележува длабока посветеност кон актерот – не како изведувач, туку како човечко суштество.


Во својот бестселер Актерот и целта, Деклан Донелан изложи свеж и радикален пристап кон глумата што инспирираше актери ширум светот. Сега, во Актерот и просторот, тој ги развива и продлабочува тие идеи, истражувајќи го тој најдлабок извор на виталност во животот, како и просторот околу нас.

Обраќајќи се на фундаменталните прашања со кои се соочува секој актер – Што ја прави изведбата подобра? Како да создадам простор во кој мојот лик може да живее? Како да допрам до тој простор и да црпам енергија од него? – Донелан нуди универзален сет на клучеви што ги отклучуваат тајните на изведбата.


Ова значајно дело, сега достапно на македонски јазик благодарение на Бисера Бендевска, беше промовирано во Театар Комедија од професорот Иван Додевски.

Побарајте го вашето издание во Театар Комедија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

„Светот на Биби“ започнува ново, значајно поглавје. По години посветеност и создавање детска едукативна содржина …