Врбица Стефанов е роден на 19 декември 1973 година во Кавадарци. Тој е поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија.
Тој играл на позицијата плејмејкер. Врбица е повеќекратен освојувач на првенства и купови, како во Македонија, така и на европската сцена. Кариерата ја завршил во 2009 година на 35 години, по една деценија кариера по европските клубови и претставување на Македонија во најдобро можно светло. Во својата клупска кариера, Стефанов настапувал за МЗТ Аеродром, Работнички, Пинар Каршијака, АЕК, Монтепаски, Фенербахче, Црвена ѕвезда, Олимпијакос, Мерсин и Менорка.
Врбица Стефанов во меѓународната клупска кариера одиграл над 100 натпревари, постигнал над 1000 бода и имал над 300 асистенции. Ја пишувал историјата на клубовите во кои играл и ја пишувал историјата на македонската кошарка.
Среќен роденден Врбица, ти посакува редакцијата на Екран.
ekran платформа за слободоумни