*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
За многумина, Годината на Огнениот Коњ ќе претставува драстична пресвртница.
Тоа ќе биде време во кое сите хороскопски знаци ќе го преиспитаат својот емотивен живот и храбро ќе донесат одлуки што ги одложувале долго време.
Времето е многу важно, а наредните месеци ќе бидат поважни од кога било. Ако сте во врска со личност за која не сте сигурни, не очекувајте чуда, велат астролозите, кои го разработија љубовниот хороскоп за 2026 година. Огнениот Коњ е нејзин симбол, а кога е во комбинација со активната Венера, која ќе владее добар дел од годината, ќе донесе феноменални резултати.
Ќе имате храброст да ги раскинете врските што ве здодеале одамна и да ги прекинете тешките врски. Исто така, ќе имате можност да се ставите себеси на прво место и, во таа нова, подобра верзија, конечно да ги привлечете луѓето што ви припаѓаат. Зборовите нема да бидат доволни – делата, дарежливите гестови и скапите подароци ќе бидат важни, вели астрологот Катерина Дјатлова.
ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 2026 ГОДИНА: Љубовта од минатото се враќа кај Овенот; На Терезиите им се смее брак, а Раковите треба да избегнуваат големи одлуки…
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни