Вистинска принцеза! Бразилската убавица повторно го покажала својот шарм кој привлекува внимание каде и да се појави.
Моделот Алесандра Амброзио мами воздишки каде и да се појави. Таа стекна голема популарност во модната индустрија, а го продолжи својот успех о на светските настани.
Таа е редовен гостин на престижни филмски фестивали, па овој пат не ја пропушти можноста да блесне на Филмскиот фестивал „Red Sea“ во Саудиска Арабија.
View this post on Instagram
Алесандра прошетала по црвениот тепих во романтична креација која зрачи со чиста елеганција. Фустанот во беж боја е потпишан од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а е украсен со лелеав материјал, како и интересни кристални детали во ременот. Покрај тоа, тоалетата ја следи линијата на телото и ги открива нејзините женствени рамена.
View this post on Instagram
За да го комплетира стајлингот, бразилската убавица додадла скапи додатоци од брендот „Pasquale Bruni“ и шминка во нежни беж тонови. Што се однесува до фризурата, таа се одлучлаи за ниска пунџа што го заокружила ова женствено издание.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни