Една од најпознатите русокоси во Холивуд е подготвена да сподели совети со понежниот пол…
Памела Андерсон поминува низ еден вид модна ренесанса. По улогите во филмовите „Последниот танчер“ и „Голиот пиштол“, актерката стана инспирација за современиот стил.
Наместо гламурот по кој беше позната во деведесеттите години, денес таа избира едноставност, природен изглед и облека што ѝ дава слобода.
View this post on Instagram
Еве ги нејзините девет најважни модни лекции:
1. Верувајте си на себе
Памела вели дека е најсреќна кога самата избира што да носи. Нејзините стилови денес се комбинација од елеганција и удобност, од класични кроеви до луксузни тоалети од познати дизајнери.
2. Презема ризици
Таа повеќе не го облекува она што се очекува од неа, туку експериментира со кроеви и пропорции. НЕЈЗИНАТА мода сега е смела и лична.
3. Забавувајте се
За неа, облеката е начин да се игра и да се изрази. На црвениот тепих, таа може да се појави во парчиња што потсетуваат на старите гламурозни епохи, но и во модерни, разиграни креации.
View this post on Instagram
4. Пробајте нешто ново
Кога станува збор за важни настани, таа им го препушта тоа на стилистите и често носи уникатни фустани и винтиџ парчиња. Така изгледа свежо и различно секој пат.
5. Останете верни на себе
Памела речиси целосно престанала да носи шминка, тоа само ја прави да се чувствува подобро. Комбинира луксузни фустани со природен изглед, без премногу накит и додатоци.
6. Прифатете ги промените
Како што самата вели, колку што старее, толку помалку користи шминка и толку повеќе ужива во својот природен изглед. Тоа ја ослободува и ѝ дава нова сигурност.
7. Носете го само она во што ви е удобно
Нејзините стилови се елегантни, но никогаш не се непрактични. Често избира широки фустани, удобни фармерки и едноставни маички.
View this post on Instagram
8. Облеката е важна
Памела верува дека секое облекување е мал настап, начин да му покажеме на светот кои сме тој ден.
9. Размислете за влијанието
Таа се стреми да носи одржливи брендови, винтиџ парчиња и етички дизајнери. Наместо еден куп работи, таа избира квалитетни и долготрајни парчиња.
View this post on Instagram
Фото: Принткрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни