На само неколку дена пред нивните два распродадени концерти во Скопје, дуото Дупер на 16 ноември 2025 година премиерно го претстави најновиот сингл и видеоспот „Може, може, може“, кој за само неколку дена собра над 11000 прегледи.
Песната носи карактеристична Дупер динамика, комбинација од модерна поп-продукција, едноставен, но заразен ритам и текст што лесно се памети.
Авторски тим:
Музика: Борис Какуринов, Илчо Нечовски
Текст: Борис Какуринов, Илчо Нечовски
Аранжман: Борис Какуринов
Микс и мастер: Андреј Николов, Димитар Николов
Во песната доминира позитивна атмосфера и мотивирачки тон, со рефрен кој веднаш „лепи“ – „Ајде, може може може…“ – создавајќи химна на подготвеност, самодоверба и отворање кон нови можности.
Автори на видеоспотот се Стефан Биков (видео и монтажа) и Милан Богдановски (светло).
Со „Може, може, може“, дуото потврдува дека успешно го гради својот звук – модерен, младешки, но доволно искрен за да комуницира со многу генерации. Песната делува како природно продолжение на нивните досегашни хитови, но со уште поголема самоувереност и зрелост.
Дупер повторно покажуваат дека знаат како да создадат современ македонски поп што звучи конкурентно, радио френдли и вистински освежувачки.
ekran платформа за слободоумни