АКАДЕМИЈА БАЛКАНИКА ЕУРОПЕАНА:  ИШТВАН К. САБО – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ЈОН КАРАМИТРУ 2025“  НА АКАДЕМИЈА БАЛКАНИКА ЕУРОПЕАНА  


На 14.11.2025, во Народниот театар во Битола, на отворањето на „Шекспир фестивал“, Академија Балканика Европеана ја одржа својата свечена церемонија за доделување на наградата „Јон Карамитру 2025“.

Наградата, која Академијата ја доделува во соработка со Романскиот институт за култура, (IRC) е именувана по Јон Карамитру — познатиот романски актер, режисер и прв претседател на академијата. По неговото заминување во вечноста, функцијата претседател на Академијата ја презеде Јордан Плевнеш.


Во рамките на академијата членуваа врвни уметници и интелектуалци од Југоисточна Европа, а меѓу нејзините почесни членови се истакнуваат нобеловецот Орхан Памук, уметничката Марина Абрамовиќ, како и значајни историски фигури како Жорж Бани, Вангелис и Роберт Вилсон.

Оваа година, меѓународното жири донесе одлука наградата да му се додели на угледниот унгарски театарски режисер Иштван К. Сабо, чија интерпретација на „Макбет“ ја отвори годинешната програма на Шекспир фестивалот. Во образложението на жирито беше истакнато дека неговата уметничка визија и мајсторство „ќе останат впишани во вечната историја на сценската уметност и дека неговото име ќе продолжи да инспирира и осветлува“.


Во 2024 година првата награда „Јон Карамитру“ му беше доделена на Тиаго Родригез, театарски режисер од Португалија и директор на Меѓународниот театарски фестивал во Авињон, Франција.

Наградата на овогодинешниот добитник му ја врачи истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски, член на меѓународното жири.


Со ова признание, Академија Балканика Европеана ја потврди својата улога како платформа која ги афирмира уметниците со глобално влијание и придонесот на театарската уметност за меѓукултурниот дијалог на Балканот и пошироко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заштита на организмот – Како да се храните во текот на зимските месеци во средина со загаден воздух

Институтите за јавно здравје објавија препораки за исхрана во зимските месеци во урбани средини со …