Оваа група луѓе никогаш не смее да го прескокнува појадокот, вели доктор: Шеќерот во крвта ќе почне да скока со молскавична брзина


Доктор открива која група луѓе не треба да го прескокнуваат појадокот.
Во својот пост на Инстаграм, ендокринологот д-р Луиза Напиорковска јасно напишала зошто постојаното прескокнување на појадокот може да биде штетно за нашето тело.
— Недостатокот на појадок доведува до зголемување на нивото на инсулин и инсулинска резистенција, што предизвикува акумулација на масно ткиво околу желудникот и абдоминална дебелина. Исто така, високите концентрации на инсулин можат негативно да влијаат на концентрацијата и вниманието – се вели во соопштението на докторот.

Во 2015 година, во списанието Diabetes Care беше објавена студија, во која се наведува дека луѓето со дијабетес тип 2 можат да имаат сериозни проблеми со своето здравје ако го прескокнат појадокот бидејќи тоа може да доведе до зголемување на гликозата во текот на денот.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Dr n. med. Luiza Napiórkowska (@okiem_doktor_luizy)


Проф. Данијела Јакубовиќ од Универзитетот во Тел Авив нагласила, за Life Line Screening, зошто прескокнувањето на појадокот е уште поопасно.
— Можеме да претпоставиме дека прескокнувањето на појадокот кај дијабетичарите не е здраво, но бевме изненадени колку метаболизмот на гликозата се влошил кај пациентите само затоа што не јаделе — рекла Данијела, која додала дека кај пациенти со дијабетес тип 2, прескокнувањето на појадокот доведува до влошување на функцијата на бета клетките и зголемување на нивото на гликоза во крвта.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГРЧКА ТОРТА: Рецепт кој освојува со првиот залак – Хит на секое семејно собирање!

ОВАА торта, иако изгледа прекрасно, е едноставна за подготовка и сигурно ќе стане хит на …