Со изложба на слики, авторот Владимир Младеноски одбележува пет децении ликовно творештво. Изложбата ќе биде отворена вечерва во фоајето на Центарот за култура во Струга, со почеток во 19:30 часот.
Тој се претставува со 20тина ликовни дела со мотиви од Струга и Струшко и родното Подгорци: портрети, пејзажи, мртва природа и староградска архитектура. Сите изложени дела се со маслени бои на платнени подлоги и имаат впечатливо лапидарна колористика, непроѕирност од складни преливи, најчесто од црвени, жолти, зелени и сини партии.
Во делата на овој македонски сликар, роден во струшкото село Подгорци, пулсира родниот крај каде се овековечува блесокот на боите со сета природна раскош и божја убавина. Студиозно им приоѓа на просторите, објектите, предизвиците и осмислено ги актуелизира најскапоцените и најсуштествените пораки и факти пренесени на платно.
ekran платформа за слободоумни