(ВИДЕО) Ноќен кошмар: Оркестарот свири додека го јадат најлутото пиперче на светот!


Членовите на Данскиот национален камерен оркестар прифатиле многу необичен предизвик – во текот на изведувањето на „Танго на љубомора“,дело на данскиот композитор Јакоб Гаде, го јаделе најлутото пиперче на светот. Иако сето тоа се случило пред три години видеото неодмна станало вирално.
Во почетокот се’ било во ред – никој не го почувствувал дејството на пиперчето, ниту некој почнал да прави гримаси.
Меѓутоа, работите бргу излегле од контрола, па музичарите почнале да плачат и да им тече носот.
Иако успеале да го завршат настапот било очигледно дека трпат голема непријатност и болка.
Погледнете како сето тоа изгледало:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Интервју со Наташа Малинкова: Има песни што се како личен дневник – не се за публика, туку за преживување.

Со препознатлив глас, искрен пристап и песни што зборуваат за животот без филтри, Наташа Малинкова …