97-ми ОСКАРИ ексклузивно на МТВ 

ПРЕНОС од Лос Анџелес, недела по полноќ, 00.30 Црвена патека, 01 ч.   97-мо доделување на наградите Оскар 

скратена снимка: понеделник 21.15


Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, во ноќта недела на понеделник.

Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2024 година.


Најавено е присуство на бројни филмски и музички ѕвезди, кои ќе настапат или ќе бидат презентери на наградите.

Преносот ќе започне триесет минути по полноќ со Црвената патека пред театарот Долби во Холивуд и пристигнувањето на најголемите имиња од филмската индустрија, кратки интервјуа со номинираните и со поранешни добитници на Оскар.


Во еден часот по полноќ започнува 97-та Оскаровска церемонија која ќе ја води Конан О’Брајан, а многу холивудски имиња ќе бидат дел од шоуто, како Роберт Дауни џуниор, Килијан Марфи, Опра Винфри, Хале Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хон, Селена Гомез и многу други.

Скратената двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“ ќе се емитува во понеделник од 21.15.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ужива на Малдивите – Лиз Харли ја покажала завидната фигура во бикини, ги воодушевила обожавателите

Актерката и модел Елизабет Харли (59) ги воодушевила обожавателите позирајќи во розово бикини и собрала …