Yon Idy ја претставува “That Much Is True” – нежно, искрено продолжение на неговиот нов музички правец


Еден од најперспективните инди кантавтори од Балканот, Yon Idy, ја објавува својата најнова песна „That Much Is True”, интимна и суптилна песна која го претставува следниот чекор во неговиот уметнички развој под крилото на американската издавачка куќа NVAK Collective, истата издавачка куќа со која Јон во 2024 година стана првиот македонски артист што потпишал договор од ваков ранг.
По успешната прва NVAK-објава „Don’t Break It”, која најави пософистициран и подинамичен звук, „That Much Is True” доаѓа како помирен контрапункт – деликатна, топла и емоционално транспарентна песна со суптилни кантри нијанси, што ја открива нежната страна на Јон и неговите најискрени моменти како автор.

„That Much Is True” е напишана од Јон Ајдини и американската авторка Baker Grace, создадена непосредно по расправија во најранливите фази на љубовна врска.


„Односот сè уште беше кревок, а јас чувствував дека имам многу повеќе љубов што треба да ја споделам,” вели Јон.
„Кога со Baker решивме што точно сакаме да кажеме, песната сама почна да тече. Пораката е едноставна и чиста, а токму тие моменти во животот се најубави и најлесни за споделување.”

Песната е продуцирана од Jordan Manov и Aaron Sayre, снимана во Devil’s Eye Studio во Кочани, миксана во Лос Анџелес од Sayre и мастерингот е на Shawn Joseph во Optimum Mastering во Бристол, Велика Британија.


Паралелно со излегувањето на песната, објавен е и официјалниот видеоспот, кој веќе може да се погледне на YouTube. Видеото е целосно реализирано во продукција на TwobyFour од Скопје и на суптилен начин ја надополнува интимната енергија на песната, заокружувајќи го визуелниот правец на новата фаза во која Yon Idy музички навлегува.

„That Much Is True” е следното поглавје во новиот, поширок звук на Yon Idy, мешавина од инди-поп чувствителност, кантри топлина и нежни американа елементи. Воедно, ова издание е логично продолжение на waterfall стратегијата што започна со „Don’t Break It”, и служи како мост кон музичкиот правец што Јон го подготвува за следниот албум.


Издавачката куќа NVAK Collective, позната по поддршката на нови глобални гласови и авторитет со повеќе од 3 милијарди стримови, ја засилува позицијата на Јон како меѓународен артист во развој.

Yon Idy е кантавтор од Скопје чиј емоционален вокал, искрен текст и современ инди звук му донесоа сè поголема поддршка низ Европа. Влијанијата му доаѓаат од The Beatles, Leonard Cohen, Noah Kahan, Hozier и flora cash, создавајќи препознатлива комбинација од мелодиски инди-поп и кантри-наративи.

Настапувал во Амстердам, Берлин, Косово, Шведска, Бугарија, како и на значајни фестивали меѓу кои се Sunny Hill Festival (во организација на Дуа Липа), Live at Heart (Шведска) и So Alive Music Showcase (Бугарија).

Во 2022 година беше еден од шесте финалисти за изборот на претставник на Евровизија, а во 2024 година потпиша синхронизациски договор со The Music Playground (Њу Јорк) и соработува со букинг агенцијата Big Bang Music со седиште во Софија.

Во моментов работи на својот втор албум и продолжува да го утврдува своето место како еден од најинтересните нови вокали од Балканот што добива меѓународна видливост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …