(ВИДЕО) РЕЦЕПТ ЗА НАЈСОЧНИ ЌОФТИЊА: Подгответе ги на овој начин и ќе уживате во совршениот вкус


Рецепт што мора да го пробате
Идеја за денешниот ручек доаѓа од кујната на баба.
Ќофтиња – состојки:
400 г мелено месо
1 китка млад кромид
3 лажици варен ориз
1 рендан компир
1 рендан морков
3 чешниња мелен лук
2 јајца
1 лажичка мелена пиперка
мелен црн пипер
1 рамна лажица сушени зачини
50 г кашкавал
масло за пржење

Подготовка:
Додадете ги сите наведени состојки во меленото месо и добро измешајте сè.
Извадете со лажица и формирајте помали топчиња, а по желба ставете коцки кашкавал во средината, а можете да додадете и малку сода бикарбона.
Формирајте ги ќофтињата со раце и наредете ги на плех премачкан со масло. Покријте го дното од садот за пржење со масло, загрејте и пржете на тивок оган. Свртете кога ќе порумени од едната страна. Пржете покриено со капак.
Пржете вкупно 20-30 минути додека убаво не поруменат. Извадете на хартиена крпа. Сервирајте со прилог по желба (пире од компири). Уживајте!


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што да направите кога ќе почувствувате дека вашиот партнер се оддалечува од вас?

Замислете го ова: Седите заедно на каучот, но тишината меѓу вас е погласна од кога …