Телевизор што го менува домот: Моќ, стил и магија во секој кадар


Секој дом си има свои магични моменти кога сите се собрани заедно—мирисот на пуканки се меша со смеа, ќебенцата се распослани на каучот, а возбудата пред почетокот на филмот се чувствува како тивок електрицитет. Во тие моменти, центарот на семејната магија е секогаш ист: телевизорот што ги обединува сите погледи.
И кога таа улога му е дадена на Samsung OLED S95F 4K Vision AI Smart TV, секоја сцена станува не само слика, туку вистинско доживување.

Infinity One дизајнот на овој телевизор е како создаден од раката на модерен архитект: тенка силуета која едвај се забележува, рамка што исчезнува во просторот и чистина која ја истакнува секоја линија на домот. One Connect Box тивко го прави своето чудо—сите кабли исчезнуваат од поглед, оставајќи зад себе само елегантен, минималистички уред кој делува како современо уметничко дело.
Со S95F, телевизорот не е само екранот пред кој седите. Тој е дел од атмосферата. Дел од стилот. Дел од домот.


А она што следува кога ќе се вклучи е вистинска визуелна магија. Благодарение на Glare Free технологијата, одблесоците—оние што секогаш знаат да расипат добра сцена—стануваат само далечно сеќавање. Утринското сонце може да си влегува низ завесата, вечерните светилки може да светат силно… но сликата останува чиста, длабока, непречена. Како да сте во кино, без разлика на времето и светлината.


Но ова ремек-дело не блеска само однадвор. Внатре работи вистинска интелигенција. Vision AI ја анализира секоја сцена во мигот кога се случува, им „дава на пикселите знаење“ од невронски мрежи и ги претвора дури и старите видеа во живописни 4K приказни. Движењата се мазни како вода, боите пулсираат со живот, а најситните детали оживуваат пред очите.


Секое современо семејство, пак, бара мир и сигурност—и токму тука Samsung Knox влегува како тивок чувар. Вашите податоци се безбедни, апликациите заштитени, а телевизорот станува дигитално срце на домот. Со SmartThings, сите уреди—од светилки и паметни уреди за домаќинството кои ги имате дома, па до клима—се поврзуваат во една хармонија што може да ја контролираш од екранот пред тебе.

И она што најмногу им се допаѓа на семејствата кои гледаат подалеку од денес: седум години OS надградби. Седум години свежина, функции, стабилност и безбедност. S95F не старее, туку созрева — со стил, со интелигенција и со визија за иднината.

А сега е вистинскиот момент да се внесе ова искуство дома. Купете 55-инчен или поголем Samsung TV и уживајте во вкупно 5 години гаранција (3 години дополнителни години), за да гледате без грижи многу сезони нанапред. А доколку се одлучите за 83-инчен или поголем OLED, Neo QLED, QLED, или пак 98-инчен Crystal UHD, ве очекува бесплатна достава и монтажа – затоа што вистинското премиум уживање започнува уште пред првиот кадар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …