Влијателноста на Таксират оваа година повторно доби и меѓународно признание со номинацијата за престижните Европски Фестивалски Награди. Во трката за фестивалските оскари, ТАКСИРАТ заедно со Д Фестивал и ПИН конференцијата се номинирани во категоријата Најдобар Мал Фестивал, односно фестивали со капацитет за максимум 10000 посетители дневно, одредено според европските стандарди за организирање на музички фестивали.
За победниците во ова фестивалско натпреварување одлучува публиката со јавно гласање кое е отворено и за публиката од Македонија, а ГЛАСАЊЕТО ТРАЕ НАЈДОЦНА ДО 20 НОЕМВРИ на овој линк: https://www.europeanfestivalawards.org/public-voting/ .
Годинашните победници ќе бидат прогласени на 14 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.
ekran платформа за слободоумни