Студенти од ФЛУ Скопје дел од голема меѓународна изложба во Сараево


Денеска, 22 ноември 2025 година, во Галеријата на Академијата за ликовни уметности во Сараево, со почеток во 19 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“. На изложбата ќе бидат изложени осумдесетина дела на хартија (графики, цртежи, колажи и плакати), а со свои дела учествуваат и дваестина студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје.

Проектот е континуирана меѓународна соработка која во 2024 година беше претставена во Едрене, Турција (на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тракија) и во Ниш (на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш). Секоја година се прави нова, збогатена селекција на дела во согласност со локацијата и концептот на изложбата. Во 2026 година, овој проект ќе биде претставен и во Галеријата на ФЛУ во Скопје.


Учество на студентите на меѓународната изложба во АЛУ Сараево, како и присуството на делегација од четири члена од ФЛУ при УКИМ, е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Покрај изложбата, посетата ќе биде искористена и за унапредување на интеринституционалната соработка, вклучувајќи потпишување договори за академска и уметничка размена, што ќе овозможи нови можности за споделување знаења, искуства и студентско вмрежување.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија

Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и …