STING ВО САРАЕВО – во организација на „Авалон продукција“


19.03.2022, Олимписка сала „Зетра“

Драги пријатели,


Со доза на неверојатно задоволство и уште поголема возбуда, Авалон Продукција ви го најавува својот прв календарски проект во 2022 година, кој истовремено можеби е и најбитен за нас во истата.

СТИНГ- артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра“, на 19-ти март (сабота) во 20 часот.


Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“ кој излегува на 19-ти ноември.


Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997-ма на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.

Авалон Продукција сама го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево.

Одиме понатаму, Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Жељко Бебек го слави својот 80-ти роденден, неговата сопруга му упатила емотивна честитка

Босанскиот музичар Жељко Бебек денес го слави својот 80-ти роденден. Пејачот добил посебна честитка од …