РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство


Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го потпишаа договорот за спонзорство со што се одбележуваат 45 години континуирано партнерство и поддршка на македонскиот ракомет.  Договорот го потпишаа генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ и претседателот на РФМ Александар Стефанов, а на настанот присуствуваа и голем дел од репрезентативците.

Пивара Скопје, како една од најстарите и реномирани компании во земјава, преку ова партнерство уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност кон спортот, заедницата и вредностите кои ги обединуваат македонските граѓани. Соработката се темели на заеднички вредности кои ги делиме, како тимска работа, истрајност, фер – плеј и континуирана поддршка на спортскиот развој, изјави Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара Скопје.


„45 години партнерство со РФМ се доказ дека кога веруваш во спортот и луѓето резултатите се неизбежни. За нас, ова не е само спонзорство, туку долгорочна посветеност кон македонскиот ракомет, неговиот развој и иднина. Горди сме што продолжуваме да стоиме зад спорт кој обединува генерации и носи радост на целата македонска нација. Благодарност на РФМ, селекторот, капитенот и целата екипа: вие го носите дресот, а ние ја носиме одговорноста да сме со вас на секој меч, во секоја сезона. 45 години заедништво нè обврзуваат, а следните 45 нè инспирираат. Нашата заедничка приказна, Пивара Скопје и РФМ, продолжува,“ рече Лазиќ.

Претседателот на РФМ нагласи дека поддршката од долгорочните партнери е клучна.


„Четириесет и пет години континуирана поддршка од Пивара Скопје е вистински пример како треба да се однесува една општествено одговорна компанија. Вашето партнерство со РФМ остави силен белег врз македонскиот ракомет и врз спортот во целина. Убедени сме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина и ќе биде поттик за нови успешни спортски приказни. Нашата амбиција е јасна, ракометот да биде број еден спорт во земјава, да носиме успеси и да создаваме моменти на радост за сите во Македонија. Ви благодариме за довербата и за континуираната поддршка. Заедно ќе се радуваме на нови успеси и победи, “ изјави Александар Стефанов, претседател на РФМ.

45 години партнерство меѓу Пивара Скопје и РФМ претставува силен пример за долгорочна соработка заснован на доверба и заедничка визија. Низ годините ова партнерство придонесува за поддршка на македонскиот ракомет како еден од најпрепознатливите македонски спортови кој носи бројни меѓународни успеси.


Со потпишување на овој договор, Пивара Скопје и РФМ ја продолжуваат заедничката мисија за развој и унапредување на македонскиот ракомет и промоција на спортските вредности меѓу младите. Ова е потврда дека успешните приказни во спортот се градат со посветеност и континуитет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ ГО ИЗБРА ОВА ИМЕ ЗА СВОЈАТА ЌЕРКА: Ретко е и има силна симболика

Познатиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, пред неколку дена стана татко по втор …