Починал познатиот режисер на популарна серија на HBO


Режисерот и продуцент Жан-Марк Вејл, кој доби Еми за режијата на хит-серијата на HBO „Big Little Lies“ и чија драма „Dallas Buyers Club“ во 2013. година заработи неколку номинации за Оскар, почина на 58-годишна возраст.
Неговиот портпарол Бамбл Вард во неделата изјави дека Вејл ненадејно починал во неговата куќа во близина на Квебек Сити, Канада, во текот на викендот.
Вејл беше познат по својот натуралистички пристап кон снимањето филмови, а во изминатата деценија тој режираше остварувања со ѕвезди како Никол Кидман, Ејми Адамс, Рис Витерспун и Џејк Гиленхал.
Тој го режираше филмот „Young Victoria“ со Емила Блант во главната улога и стана барано име во Холивуд по „Dallas Buyers Club“ со Метју Меконахи и Џеред Лето, кои освоија шест номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Дали сте гледале некој? Кои филмови не постигнаа голем успех во 2025 година: Би-Би-Си ги опишува овие наслови како промашувања

Од контроверзниот римејк на цртаниот филм на Дизни до наградуваниот спортски биографски филм во кој …