Со пристигнувањето на патници од Истанбул вчера на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беше означен официјалниот старт на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид.
Според најавите, летовите на линијата Истанбул – Охрид, на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела.
На вчерашниот настан на охридскиот аеродром заедно со владините претставници турските гости ги пречека и директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска.
“Турските туристи се едни од најбројните странски посетители во Македонија. Нивната поврзаност со земјата произлегува од историските, културните и етничките врски меѓу Македонија и Турција. Тие се едни од најважните за македонскиот туризам, како од економски, така и од културен аспект. Со зголемена промоција и подобрување на туристичката инфраструктура, Македонија може уште повеќе да го зголеми бројот на турски посетители”, истакнува Стефаноска.
ekran платформа за слободоумни