Обилните дождови продолжуваат во Македонија, на планините снежна идила


Нашата Република Македонија и денес (Петок 28 ноември) ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот но и на поладен воздух кој се спушта од север. Во ваква ситуација особено во источните предели ќе имаме нови обилни врнежи од дожд каде се очекува локално во овие предели да наврнат нови над 40 литри дожд за 24 часа. Врнежи со умерен интензитет ќе има и во остатокот од нашата Македонија. Ќе дува слаб до умерен а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе врне снег и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје и околината денес (Петок 28 ноември) ќе има повремени врнежи од дожд а на околните планини врнежите ќе преминат во снег а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.


Поради очекуваните нови обилни дождови растат условите за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија. Постои опасност и од нови поплавувања па токму поради ова апелирам особено возачите да внимаваат каде и како се движат и да ги избегнуваат водотеците.

Денес (Петок 28 ноември) температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 6 степени.


Метео прогноза на Славчо Попоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …