Новогодишен Базар во Прилеп


Општина Прилеп оваа година, зa прв пат ќе организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот Саат. Пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе ги чуваме, ќе им се понудат на Прилепчани во трите предновогодишни денови.

На 28, 29 и 30 декември, 2023г од 11:00-15:00, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации. Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители. Подетални информации за изложувачите ќе добиете доколку континуирано ги следите информациите во овој event.


Базарот ќе биде проткаен со забавна програма презентирана од локалните уметници и интерпретатори. Подолу, погледнете ја целосната програма и саатниците за секој настан.

ЧЕТВРТОК 28.12.2023г
11.00ч Oldschool Selector – Christmas party
12.00ч Оркестар ТРИО ГРАНДЕ – староградска музика
13.00ч Женски камерен хор “Керамија“
14.00ч Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија


ПЕТОК 29.12.2023г
11.00ч Забава за деца со кловнот Лили
12.00ч Оркестар ТРИО ГРАНДЕ – староградска музика
13.00ч “Acoustic Trio – Македонски евергрини
14.00ч DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов

САБОТА 30.12.2023г
11.00ч Забава за деца со кловнот Лили
12.00ч DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
13.00ч Оркестар ТРИО ГРАНДЕ – староградска музика
14.00ч ИГИ БОК – Македонски рок


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Овие намирници треба да се избегнуваат по 40-годишна возраст: Го забавуваат метаболизмот

Со текот на годините, губењето на тежината и одржувањето на телесната тежина станува сè потешко …