„Андерфест“, кој веќе години наназад е синоним за автентична музика и силна поддршка на домашната независна сцена, ја објави програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а посетителите може да очекуваат експлозивна атмосфера, оригинален звук и настапи што оставаат впечаток.
Со текот на годините, „Андерфест“ прерасна во едно од најзначајните собиралишта на алтернативната рок сцена, место каде што музичарите и публиката создаваат заедничка енергија и ја градат локалната рок култура.
Ова издание на фестивалот ќе донесе настапи од LOST IN REVERIE, LSD DURING WAR, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК – бендови познати по својот уникатен звук, впечатлив настап и способност да ја понесат публиката.
Организаторите најавуваат уште поголеми стандарди во продукцијата, динамичен амбиент и простор што ќе го прослави вистинскиот дух на независната музика. За многумина, „Андерфест“ не е само фестивал – туку традиција, движење и сцена што ги обединува љубителите на рок музиката.
Билетите се достапни преку drugastrana.mk.
Програма:

ekran платформа за слободоумни