Концерт на Владимир Четкар во Охрид оваа Сабота (26 Јули) во Despina Event Venue


на 26 Јули, Сабота, Владимир Четкар во родниот Охрид ќе одржи концерт во Despina Event Venue покрај охридското крајбрежје.

Карти за овој концерт ќе можат да се набават по цена  од 600МКД онлајн преку drugastrana.mk
а за резервирање на маса сите заинтересирани можат да се јават на 074233898/074244159.


На концертот насловен како Wine, Jazz & Spirits македонскиот  музички артист со интернационална кариера ќе се претстави со септет во кој ќе музицираат Ѓоле Максимовски на бас гитара , Дино Милосављевиќ на тапани, Филип Димискоски на клавијатури, Јордан Колевски на труба, Игор Величковски на тенор саксофон и Љупчо Арсов на Тромбон.

Таа вечер вратите на Despina Event Venue ќе се  отворат во 21:00 часот со диџеј сет на Пејчи а концертот ќе започне во 22:00.


Ова ќе биде единствениот настап на Четкар во Охрид ова лето а потоа му  претстојат турнеи во Јапонија и САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Осум години без Иван Карадак – сатиричарот што ја обликуваше македонската радио и ТВ хумористика

Иван Карадак е роден на 16 јули 1946 година во Охрид. Тој бил таткото на …