На 23-11-2025 скопската издавачка куќа PMGJazz го издаде своето 58 албумско остварување. Септетот СОЛИДАРИТАШ ОРКЕСТАР го презентираше своето првенче – “Addāt Fōyya”. Оваа меѓународна формација е предводена од Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски – двете веројатно најмаркантни фигури на македонскиот креативен џез, најпознати како ко-автори на триото Светлост, како и Одрон Ритуал Оркестра – проекти кои доживеа повеќе меѓународни признанија во периодот од 2019 до 2024. На овој албум, снимен во март годинава во Будимпешта, покрај Омерагиќ и Спировски (кои се јавуваат како изведувачи и автори на музиката), се запишани и изведбите на двајца интернационалци базирани во Унгарија – Кристофер Кокс (тромбон, САД) и Давид Карла (саксофон и бас кларинет, Литванија/Австралија), како и Виктор Капуши (саксофон), Петер Ајтаи (контрабас) и Атила Ѓарфаш (тапани) – тројца претставници на вибрантната џез сцена во унгарската метропола.
Ова е воедно и втора соработка помеѓу PMGJazz и Inverted Spectrum Records – издавачка куќа базирана која делува помеѓу Анкара, Будимпешта и Белград.
До крајот на годината PMGJazz најавува уште неколку изданија почнувајќи од дуото Владан Дробицки и Глигор Кондовски и нивниот втор албум “Inward”, а потоа и проектот “Aspirin Moon” на Филип Букршлиев и Марија Грубор.
ekran платформа за слободоумни