Денеска се празнуваат Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други


Сите пострадаа во времето на царот Клавдиј Флавиј во Рим, 269 година. Марин и Марта беа богати луѓе од Персија, па го продадоа сиот свој имот во Персија и заедно со своите синови дојдоа во Рим да им се поклонат на моштите на Светите апостоли и на сите маченици. Кога царот ги праша зошто дошле од толку далеку оставајќи ги своите домашни богови за да бараат во Рим мртви луѓе, тие му одговорија: „Ние сме слуги Христови и дојдовме да им се поклониме на Светите апостоли, чии бесмртни души живеат со Бога, сакаме да бидат молитвеници за нас пред Христос, нашиот Бог.“ Кирин беше фрлен во Тибар; оттаму Марин и Марта го извлекоа неговото тело и чесно го погребаа. Свештеникот Валентин му беше предаден на некој војник Астериј, којшто требаше да го посоветува да се одрече од Христа. Но Валентин со молитва ја исцели Астериевата ќерка којашто беше слепа две години и го крсти Астериј и сиот негов дом. Сите тие на различни начини примија маки и смрт за Господ Христос, Којшто ги прими во Своето бесмртно Царство за да се радуваат во сите векови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тврди психолог – Овие навики го саботираат вашиот љубовен живот: Тие често настануваат од претходни искуства

Обидот да се разбере и дефинира љубовта честопати изгледа како комплицирана игра, а психологот Марк …