Фото: pixabay

Денес се празнуваат Светите маченици Онисифор и Порфириј


Овие двајца прекрасни мажи беа мачени за името Христово во времето на царот Диоклецијан. Беа многу биени, а потоа горени на железна леса, па врзувани за опашките на коњите и влечени по камења и трње. Така беа растргнати на парчиња и Му ги предадоа своите свети души на Бога. Нивните мошти се погребани во Пентапол.

Тропар
Маченици свети Господови, Онисифоре и Порфирие, вие чии тела помрачените ги отфрлија, но земјата ги прими како роса утринска, сега молете се за нас, небесни жители, кои оган ги испитуваше, но не ги согоруваше, вие кои со Христа Бога можевте сe.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …