Не беше само концерт – беше доживување: Трпчевски ја освои салата „Борис Трајковски“


Синоќа салата „Борис Трајковски“ во Скопје се исполни со силна емоција, музика што зборува и аплаузи кои траеја со минути. Во организација на Прагма продкција, Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчевски, го одржа својот концерт пред бројна публика, потврдувајќи уште еднаш зошто неговите настапи се сметаат за вистински културни настани од највисок ранг.

Вечерта беше повеќе од концерт – таа беше музичко патување низ емоции, тишини и експлозии на звук. Со извонредна техничка прецизност и длабока интерпретативна зрелост, Трпчевски успеа да воспостави силна врска со публиката, која внимателно го следеше секој тон, секоја пауза и секој музички акцент.


„Надвор е магливо и студено, но во срцата – чисто како солза и топло“, рече маестро Симон Трпчевски пред почетокот на концертот. Тој им се заблагодари на сите присутни и вети прекрасна музичка вечер со внимателно избран репертоар, близок до нашиот менталитет, народ, музика и традиција.


Маестро Трпчевски вети прошетка до Шпанија и латиноамериканските земји,  најавувајќи ги маестро Сашо Татарчевски и колегите музичари од Македонската опера и балет, на возбудливо музичко патување.


Програмата, внимателно избрана и уметнички заокружена, ја прикажа целата широчина на неговиот израз – од суптилна лиричност до моќна драматика. Публиката реагираше со стоечки овации, а салата неколкупати одекнуваше од долги аплаузи, како јасен знак дека вечерта остави длабока трага.

Трпчевски на концертот рече дека многу му било мило, бидејќи овој пат имал можност да соработува и со инструментот гитара, предводен од едни од најдобрите гитаристи од Македонија.

Концертот во салата Борис Трајковски уште еднаш ја потврди улогата на Симон Трпчевски како еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот – уметник кој со својата музика не само што настапува, туку раскажува, обединува и инспирира. На крајот маестро Трпечски му се заблагодари и на Панде Шухов, кој воедно беше аранжер на песните кои се изведуваа на концертот.

Оваа декемвриска вечер ќе остане запаметена како редок момент кога музиката го надминува зборот, а публиката и уметникот дишат како едно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Јордан Митев ја објави новата песна „Сине, сине мој“ – емотивна посвета на татковската љубов

Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев на 19 декември 2025 година ја објави својата најнова песна …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */