Ќе заборавите на кафето: Овие здрави производи ќе ве освестат побрзо, овозможувајќи ви фокус и енергија


Повеќето луѓе кога ќе се разбудат наутро најпрво посегнуваат по шолја кафе сметајќи дека така ќе се расонат и тоа ќе им даде енергија. Меѓутоа, покрај кафето постојат производи (и поздрави) кои имаат способност да ве снабдат со потребната енергија. На пример “Зелената мача” е одличен извор на природен кофеин и на таурин што прави да ја подобриме и одржиме енергијата, фокусот и издржливоста на телото. Може да ја консумираме преку МАЧА КОЛАГЕН кој е одлична, поздрава замена за кафе, со свеж и лесен вкус. Може да биде и дел од појадок, смуди, чиа пудинг или овесна каша. Содржи и Л-Теанин и магнезиум, кои го намалуваат стресот и заморот на организмот, помагаат да се релаксираме и подобро да ни работи мозокот, како и хлорофил, за подобар квалитет на крвта, поголемо снабдување на клетките со кислород, и детоксикација на телото. Мача колаген е функционален напиток кој ја спојува моќта на јапонската зелена мача и високо-квалитетниот колаген тип 1. Оваа уникатна 2-во-1 формула обезбедува силна антиоксидантска заштита, подобар фокус и долготрајна енергија, додека истовремено ја поддржува еластичноста, хидратацијата и младоликиот изглед на кожата.

Дополнително наутро може да ја комбинираме и со јаболко. Во јоболката се наоѓаат многу витамини и минерали, а процесот на јадење на јаболкото без сомневање ќе ве расони. Мача колагенот може да се комбинира и со овесна каша или со овошна салата со прелив од јогурт.


Пржените јајца се исто така добра опција за енергичен појадок. Тие содржат корисни протеини, кои ни даваат енергија во текот на денот.

Додека оревите се добри во секоја комбинација, како дополнување. Тие се богати со протеини, корисни масти, витамини и минерали, а покрај тоа содржат есенцијални аминокиселини потребни за работа на мозокот и имунолошкиот систем, но не се препорачливи на празен стомак.


Од почетокот на денот, зависи како ќе ни биде цел ден!

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Врз основа на статистика – Кои карактеристики го претставуваат идеалот за убавина во 2025 година: Истражувањето тврди дека овие познати дами се блиску до него

За да истражат што ја карактеризира привлечноста во 2025 година, тимот на списанието Playerstime ги …