Нови Limited Edition производи на Balea, достапни нa полиците во dm


Подгответе се за вистинско сетилно уживање! dm drogerie markt со гордост ви ги претставува трите  лимитирани едиции од вашиот омилен бренд Balea, создадени да ја разубават есента и зимата. Balea Professional Winter Protect – Заштита за вашата коса во зима Студените денови можат да бидат вистински предизвик за вашата коса. Затоа, Balea ја создаде професионалната Winter Protect линија! Пробајте ги шампонот, балсамот и млекото за коса, кои интензивно ја негуваат, зајакнуваат и штитат косата од зимските оштетувања, оставајќи ја заштитена, сјајна и полна со живот.
Balea Oriental Plum – Мистериозна и топла нега Претворете го секое туширање во луксузно спа-искуство со новата лимитирана колекција која содржи: кремаст гел за туширање, лосион за тело, масло за масажа, гел за бричење, течен сапун и део спреј за тело кои имаат егзотична арома на слива,  смоква и ориентални зачини. Ги будат сите сетила и оставаат долготраен, сензуален мирис. Нивната богата и ph неутрална формула нежно ја чисти кожата, оставајќи ја мека и хидрирана. Balea Lovely PistachioНежна и хранлива грижа. За сите љубители на слатките и нежни ароми, тука е лимитираната колекција Lovely Pistachio. Во оваа колекција ги имаме шампонот за коса, гелот за туширање и течниот сапун кои имаат неверојатно примамлив мирис на ф’стак. Производите од оваа линија кои во себе ги содржат витамините Б3 и Б6 ја хранат кожата и ја прават неодоливо мека. Побарајте ги овие три лимитирани колекции во вашата најблиска dm продавница и уживајте во германски квалитет по секогаш поволни цени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) СЛАВНАТА МАНЕКЕНКА ИЗГЛЕДА КАКО ОД СОН: Сите се прашуваат дали е вистинска или е вештачка интелигенција?

Вистинска принцеза! Бразилската убавица повторно го покажала својот шарм кој привлекува внимание каде и да …