Традиционалниот предновогодишен концерт на Павле Камилоски првпат во Битола – со генерална поддршка од Астра Казино


Битола оваа година ќе блесне во вистинска празнична магија! На 26 декември, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за Култура Битола ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на еден од најголемите џентлмени на македонската музичка сцена – Павле Камилоски. Настанот, кој низ годините е препознатлив по празничната енергија и исклучителната музичка атмосфера, за првпат се сели од Скопје во Битола, а негов генерален спонзор е Астра Казино.

Павле Камилоски, познат по својот препознатлив вокал, харизма и уникатна способност да ја спои класиката со современиот музички звук, веќе со децении е симбол за квалитет и искреност на сцената. Неговата кариера е приказна за посветеност, стил и љубов кон музиката – приказна која инспирира генерации млади уметници.


Овој специјален концерт во Битола претставува уште едно поглавје во успешната соработка помеѓу Павле и Астра, компанија која континуирано ја поддржува домашната културна сцена. Астра е генерален спонзор не само на овој настап, туку и на неговата нова песна „Малина“, како и на два големи концерти и новиот музички спот што Павле ги подготвува за следната година.

Со својата поддршка, Астра Казино ја продолжува мисијата на промовирање на македонската музика и култура, создавајќи можности за уште поамбициозни проекти и незаборавни моменти за публиката.


Битолчани и сите љубители на добрата музика ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, најголемите хитови на Павле Камилоски и празничен дух.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од еуфорија до јавен линч: Шокантна исповед на жената снимана на концертот на Coldplay

По неколку месеци молк и шпекулации на социјалните мрежи, жената која беше снимана на концертот …