Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда Греми


Албумот на групата FLO „Access All Areas” на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.

Албумот „Access All Areas” е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес. По издавањето на албумот, тој се најде на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.


Песната „On & On”, која ја продуцираше нашиот Матеј Џајковски по неколку месеци од излегувањето на албумот, претставува апсолутен фаворит на фановите на групата, а песната се рангираше високо во музичкото списание Billboard и оттогаш е константно присутна на радио станиците во САД.


Ова е прва номинација за Матеј Џајковски кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес. За неговите успеси веќе слушнавме кога негова музика се најде на soundtrack-от на серијата Inventing Anna, која беше една од најгледаните серии на Нетфликс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете ги сцените – Снежните врнежи го претворија Њујорк во зимска бајка: Забележана е посебна идила во Централ Парк

Обилните снежни врнежи донесоа посебна зимска магија во Њујорк. Врнежите започнаа во недела, а посебна …