Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и Епистима


Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабожци. Мајка му на Галактион беше бездетна с ? додека не се крсти. Потоа таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима. Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, Епистима во женски манастир. И секој од овие двајцата во својот манастир се покажа како вистинско светило. Први во подвигот, први во молитвата, во смирението и послушанието, први во љубовта. Од манастирот не излегуваа ниту се видоа еден со друг освен пред смртта. Настана луто гонење на христијаните и тие обајцата беа изведени на суд. Oвие прекрасни Христови маченици пострадаа и примија небесни венци во 253 година.

Тропар
Вера имајќи повредна од животот земен, дарувана ви беше о, Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени одозгора. Маченички страдајќи раце подадовте – во прегратка Христова примени бевте, нозе подавајќи – до Царството Небесно стигнавте, молете се за нас о, вие чии срца, го глаголат Името Господово.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЕ МЕНУВААТ ПРАВИЛАТА НА СОСТАНУВАЊЕТО ВО 2026 ГОДИНА: Токсичните игри завршија, сега сè е различно – конечно!

Секоја нова година носи со себе нови трендови во светот на состанувањето, обликувајќи го начинот …