ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СКОПЈЕ 2014 … И ПОТОА” ОД ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ


Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на книгата „Скопје 20214… и потоа” од Златко Теодосиевски на ден 3. јуни. 2025година од 12:00 часот во Салон Империјал 1

За книгата ќе зборуваат Никос Чаусидис и Бранко Геровски.


Златко Теодосиевски е историчар на уметност, критичар и публицист, автор е на повеќе книги од областа на ликовната уметност и културата („Илија Кочовски – сликар на тишината”, „Жарко Јакимовски, монографија”, „Сашо Саздовски, монографија”, „Пандора Саздовска, монографија”„(Само)заробена култура”, „Време на изгубени илузии”, „Пролегомена за македонската фотографија, том 1-4 и др.)

Во 2024 година се навршија полни десет години од „проектот” со славно име „Скопје 2014″, а изминуваат безмалку еднакво толку години и од времето на т.н. „Шарена револуција” којашто, меѓу другото, инсистираше на конечна разврска со овој „проект”, особено заради неговата анахроност, хаотичност, криминогеност, противзаконска позадина, неговата анти-историчност и квазиестетичност итн. Спомнатите години едновремено сведочат и на приближно толку долгиот период од ветувањата на една политичка партија дека го разбира народниот гнев против „Скопје 2014″ и дека дефинитивно ќе расчисти со „проектот”.


Промоцијата ќе биде проследена со фотографии од „Скопје 2014″ од Александар Кондев

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во сеќавање на Гоце Николовски, легендата на македонската народна песна

Гоце Николовски е роден во Скопје, во 1947 година. Тој беше еден од најголемите и …