НА КРАТКО СЕ ВРАТИ ЗИМАTA: Делови од регионот под снег, ладниот Атмосферски фронт од север се спушта кон Македонија


Метео прогноза на Славчо Попоски:

Ладниот Атмосферсаки фронт кој е придружен со обилни врнежи од дожд, снег, силен ветер и локални грмежи веќе зафати голем дел од регионот. Снег има на повеќе места низ регионот, особено во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде снег има понекаде и во низините, а тенка снежна покривка на кратко се формираше и во Загреб. Снежната покривка на планините во овие земји понекаде надминува и 20 сантиметри. Температурите значително се намалија и тие се близу 0 степени на ниските места, а на планините тие се спуштаат и под нулата.


Ладниот Атмосферски фронт во текот на претстојната ноќ и утре претпладне ќе ја зафати и Македонија, и истиот ќе предизвика врнежи од дожд, силен ветер (повремено со брзина од над 70 км/час), а во ваква ситуација не се исклучува и можноста за ретки грмежи.

Поради брзиот пад на температурите и заладувањето, на планините, особено во западните и во северните предели од државава ќе има врнежи од снег, а снежната граница понекаде би можела да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од снег на кратко ќе има и во повисоките населени места во западните и во северните предели од Македонија.


До крајот на денов остануваат пролетните температури на воздухот кои на повеќе места ќе достинат и до 15 степени, понекаде тие и ќе надминат 15 степени, додека во најтоплите централни и јигоисточни предели температурите ќе надминат и 20 степени. Утре температурите на кратко ќе бидат во опаѓање и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ СЕ ОТВОРА НОВОГОДИШЕН БАЗАР СО 50 СОВРЕМЕНИ ЗАНАЕТЧИИ И ЌЕ ТРАЕ 16 ДЕНОВИ

Новогодишниот базар во Скопје Сити Мол повторно го носи празничниот дух, претворајќи го приземјето од трговскиот центар во атрактивно, колоритно и креативно …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */