,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека


На 13 декември 2022 година во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи Чествување на Ацо Шопов. Повод за овој настан е 40 години од неговата смрт.
За великанот на современата македонска поезија ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови од Шопов ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Ацо Шопов е еден од основачите на современата македонска поезија. Роден е во Штип на 20 декември 1923 година. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“, директор и главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“. Бил активен учесник во Народно ослободителната војна, претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство. Бил амбасадор во Сенегал, член на МАНУ, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ од неговото основање.
Ацо Шопов е автор на првата повоена книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ во 1944 година. Неговото огромно творештво опфаќа 15 првообјавени книги поезија, 17 поетски избори на македонски јазик и 21 поетски избори на странски јазици. Добитник е на 9 книжевни и опшстествени награди.
Починал во 1982 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден во 1966 година: Џими Хендрикс го објави својот прв сингл „Hey Joe“

На 16 декември 1966 година беше објавен првиот сингл на Џими Хендрикс, легендарната „Hey Joe“, …