Оне.Вип и Македонски Телеком ги исклучија Discovery и Eurosport каналите

Веќе од 1-ви јануари, претплатниците на Оне.Вип и Македонски Телеком немаат пристап до каналите на Discovery со своите претставителни брендови како што се Discovery каналот, TLC , Investigation Discovery ( ID ). Понатаму , Eurosport 1 и Eurosport 2 исто така не се повеќе достапни на гледачите на Оне.Вип и Македонски Телеком.
За жал, македонските гледачи нема да имаат повеќе пристап на најголемите светски спортски настани кои се прикажуваа на Eurosport, како што е Бундес лига, следната сезона на Гранд Слем, првата од многуте Олимписки игри во февруари која е комплетно покриена од страна на нашите спортски канали;
Discovery платформата прикажува одлични шоуа како што се: Running Wild with Bear Grylls, Wheeler Dealers, Gold Rush како и шоута кои наскоро ќе се прикажуваат: Tesla’s Death Ray: A Murder Declassified; TLC’s Cake Boss, Say Yes to the Dress, My Big Fat Fabulous Life.
И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори, мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани, од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал.
Ги охрабруваме нашите фанови да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување Discovery каналите, TLC , Investigation Discovery( ID ), Eurosport 1 како и Eusrosport 2 .
Во меѓувреме ја продолжуваме нашата долга соработка со Телекабел како и останатите регионални оператори во Македонија, кои остануваат да го прикажуваат портфолиото на Discovery каналите на своите платформи.
Имено, преносот во живо на Eurosport е достапен во секое време, на секое место на самата Eurosport Player платформа, на линкот www.eurosportplayer.com.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …