Екин Мерт Дајмаз продолжува да ги шармира своите обожаватели со неодоливиот изглед како на малиот екран, така и на „Инстаграм“. Турскиот актер и модел познат по улогата Саваш во „Животот е убав“ неодамна на својот профил на „Инстаграм“ објави интересна фотографија за која напиша:
„Јас и мојата кошула стара 256 години, чии ракави сам ги исеков.“
За оваа шармантна и слатка објава актерот „заработи“ околу 90.000 лајкови.
View this post on Instagram
Актерот е познат по тоа дека посветено се грижи за својот изглед, постојано вежба и е во топ форма што освен талентот исто така е причина за огромната популарност и бројните улоги што ги добива.
View this post on Instagram
За обожавателите на серијата „Животот е убав“ Екин е познат како Саваш, убавецот кој е заплеткан во љубовен триаголник. Тој и неговиот брат Бариш се заљубуваат во девојка од село која што не верува во љубовта. Зарифе е дива, бунтовна девојка без влакна на јазикот која не прифаќа непраавда или наметнување на нечии ставови.
Следете ја „Животот е убав“ секој ден во 16:40 часот почнувајќи од 26 август на Дизи за да дознаете дали Саваш ќе успее да го освои срцето на убавата Зарифе.