Ѕвездата од „Мрак филм“ починала на 46 години: „Не напушти по долга и тешка битка со опасна болест“

Ерика Еш почина на 46-годишна возраст по долга борба со тешката болест.
Комичарката, актерка, пејачка и модел Ерика Еш почина на 46-годишна возраст по долга борба со ракот. Тажната вест ја потврди и нејзиното семејство.
„По долга и храбра битка со ракот, таа го напушти овој свет мирно опкружена со своите најблиски. Ерика беше неверојатна жена и талентирана забавувачка која допре безброј животи со својата остра духовитост, хумор и вистинска желба за живот. Сеќавањерто на неа засекогаш ќе живее во нашите срца“, се вели во соопштението на нејзиното семејство.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Loni Love (@comiclonilove)


Ерика Еш ја започна својата кариера на Бродвеј, по што се наметна во Холивуд, иако никогаш не се најде на А-листата. Сепак, таа се појави во голем број значајни продукции, а некои од попознатите се „Мрак филм 5“ и комедијата на Нетфликс „Имаме Дух“.
Таа се појави и во популарните серии, кои не се премногу познати во Македонија, но ги гледаа и во Америка, поточно „Survivor’s Remorse“ и реалити пародијата „Real Husbands Of Hollywood“.


Интересно е што извесен период живеела и работела во Јапонија, каде била и пејачка, актерка и модел.

Фото: Принтскрин/YouTube/MadtvOnFox

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Мароко – Прв пат во јавност: Шон Пен со 34 години помладата партнерка блеснал на филмскиот фестивал во Маракеш

Шон Пен (64) за прв пат се појавил на црвениот тепих со својата нова девојка, …