Кариерата на Саксон траеше 60. години, а тој глумел и во хорор филмот „Хорор на улицата на брестовите“. Како актер работел на 198. проекти и освоил Златен глобус за улогата во филмот „Југозападно од Сонора“
Актерот Џон Саксон починал на 84-годишна возраст откако се борел со пневмонија, пренесува Mirror. Неговата трета сопруга, Глорија, за странските медиуми изјавила дека починал во саботата во Тенеси.
Кариерата на Саксон траела 60 години, а тој глумел и во хорор филмот „Хорор на улицата на брестовите“. Тој беше најпознат по улогата на Ропер во „Во гнездото на змејот“, кој филмовите за боречките вештини го довел до врвот. Како актер работел на 198. проекти и освоил Златен глобус за улогата во филмот „Југозападно од Сонора“.
Тој е роден во Њујорк и ја започна својата кариера во 1950-тите години како тинејџер. Првата улога му била во епизода на телевизиското шоу „Медик“ каде го играл ликот по име Дани Ортега.
Се женел три пати. Тој прво бил оженет со сценаристката Мери Ен Марфи, потоа со актерката Елизабет Саксон, а во 2008. година се оженил со козметичарката Глорија Мартел.