ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ЈАДЕТЕ ГРСТ ОРЕВИ ДНЕВНО: Еве зошто се единствени и неповторливи

Сè поголем број истражувања покажуваат дека оревите имаат бројни здравствени придобивки – од здравјето на срцето до доброто функционирање на цревата.
Оревите се на списокот на храна во Диететските упатства за Американците 2020-2025 година, како дел од исхраната и на возрасните и на децата.
1. Поради високата содржина на антиоксиданси, оревите се препорачуваат како храна за одржување на здравјето на срцето. Од сите јаткасти плодови, оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини АЛА и линолеинска киселина.

Секојдневното консумирање ореви го намалува крвниот притисок и нивото на вкупниот холестерол, триглицеридите, липопротеинот со мала густина (ЛДЛ) и аполипопротеинот Б во крвта, заштитувајќи го нашето срце.
Истражувањето на д-р Шерил Рок, од Универзитетот во Калифорнија, заклучило дека исхраната која содржи ореви позитивно влијае на нивото на холестерол во телото.


– Едно од изненадувачките наоди на оваа студија е дека, и покрај фактот што јаткастите плодови се богати со масти и имаат многу калории, диетите богати со јаткасти плодови би можеле да бидат еднакви со диетите со намален внес на масти во однос на губење на тежината – вели Рок.
Покрај тоа, бројни студии ги истакнуваат придобивките од оревите за помнење, добро расположение, избалансиран шеќер во крвта, репродуктивно здравје…


Го негуваат мозокот, ги чистат крвните садови
Оревите го снабдуваат мозокот со дополнителна енергија, ги подобруваат когнитивните функции и го намалуваат ризикот од деменција. Затоа, со право се нарекуваат „храна за мозокот“.
Една шака ореви дневно може позитивно да влијае на слабеењето, бидејќи овие јаткасти плодови делуваат на намалување на апетитот, пишува New York Times. Оревите се богати со омега-3 масни киселини, кои во комбинација со други супстанции од ова јаткасто овошје помагаат во намалување на ризикот од дебелина и дијабетес.
Ако јадеме една шака ореви секој ден, ќе внесеме 185 калории, а од таа количина на овој јаткасто овошје можеме да очекуваме…
Еве што содржат 100 гр ореви:
654 калории
15,23 г протеини
13,71 г јаглени хидрати
65,21 г маснотии
6,70 г влакна
0,06 г скроб
2,61 г шеќер
0,08 г гликоза
2,43 г сахароза
0,09 г фруктоза


Витамини: бетаин (0,30 мг), витамин А – 20 IU, витамин Б1 (тиамин – 0,34 мг), витамин Б2 (рибофлавин – 0,15 мг), витамин Б3 (ниацин – 1,13 мг), витамин Б4 (холин – 39,20 мг), витамин Б5 (пантеонска киселина – 0,57 мг), витамин Б6 (пиридоксин – 0,54 мг), витамин Б9 (фолна киселина – 0 мг), витамин Б12 (кобаламин – 0 мг ), витамин Ц (1,30 мг), витамин Е (0,70 мг ), витамин К1 (2,70 мг).

Амино киселини: аланин (0,70 г), аргинин (2,28 г), аспарагинска киселина (1,83 г), валин (0,75 г), глицин (0,82 г), глутамин (2,82 г), изолеуцин (0,63 г), леуцин (1,75 г), лизин (0,42 г), метионин (0,24 г), пролин (0,71 г), серин (0,93 г), тирозин (0,41 г), треонин (0,60 г), триптофан (0,17 г), фенилаланин (0,71 г), хистидин (0,39 г), цистин (0,21 г).

Масти: мононезаситени масти (8,93 г), полизаситени масти (47,17 г), заситени масти (6,13 г).

Минерали: железо (2,91 мг), калиум (441 мг), калциум (98 мг), магнезиум (158 мг), манган (3,41 мг), бакар (1,59 мг), натриум (2 мг), селен (4,90 мг), фосфор (346 мг), цинк (3,09 мг).

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Убавината на руските марами

Марамите во Русија отсекогаш биле голем хит. Нивната првична намена е да ја загреат глава …