Зоран Кесиќ со „Приказни и песни” во Филхармонија – вечер исполнета со хумор, музика и искреност


Скопје ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност – Зоран Кесиќ, еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, доаѓа со своето шоу „Приказни и песни” на 24 ноември, со почеток во 20 часот во Македонска Филхармонија. Билетите се достапни на www.drugastrana.mk.

Ова не е класично шоу, ниту пак стендап во традиционална смисла. „Приказни и песни” е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, музиката, јавниот коментар и интимната исповед на еден современ човек. Секој настап е различен – жив, непредвидлив и единствен во својот тек, во зависност од моментот, просторот и енергијата на публиката.


Зоран Кесиќ е српски телевизиски водител, сатиричар и комичар роден во Белград. Неговиот препознатлив стил – микс од иронија, реален коментар и неверојатна енергија на сцена – може да се види и на на „24 минути со Зоран Кесиќ”, која прерасна во најдобрата Балканска политички-сатирична емисија.

Со своето шоу „Приказни и песни”, Кесиќ носи вечер каде вистината ќе не смеe, а смеата ќе ги откриe вистините што ги премолчуваме. Во својата препознатлива комбинација на иронија, сатира и топлина, Кесиќ зборува за теми кои сите ги познаваме, но ретко се осмелуваме да ги анализираме: секојдневието во балканската реалност, политичките апсурди, културните навики, човечките слабости и радости, и сите оние ситни детали што ја прават реалноста истовремено и болна и смешна. Со него, дури и најсериозните теми стануваат причина за смеа – онаа вистинската, ослободувачката смеа што поврзува луѓе.


„Приказни и песни” е повеќе од хумор. Тоа е вечер во која се препознаваме – каде што секоја реченица одекнува како огледало на времето во кое живееме. Една вечер на катарза, насмевка и заедничка луцидност.

Организатор на настанот е КОМПОТ booking and promotion, во соработка со Scena ASM.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …