Секојдневното брзање и седечкиот начин на живот на нас оставаат трајни последици.
Некогаш се обидуваме да ги надминеме нашите крајни можности што е исклучително себично кон нашето тело и нашиот здрав разум. Ова се некои од показателите дека трпите огромно количество стрес и дека морате да го успорите темпото и да се опуштите.
1. Зголемен замор
Нормално е работата и обврските да ве исцрпуват, но сево свои граници. Ако се чувствувате толку уморно што немате сили ниту да се преслечете, кога ќе дојдете дома, би требало да помислите дали тоа што го работите е вредно на вашето физичко и психичко здравје. Одговорот е, би кажале, секогаш негативен.
2. Болки во грбот
Иако седењето многу често создава болки во долниот дел од грбот, стресот и нервирањето ќе ви донесат болки и во горниот и во средниот дел и ќе чувствувате како на грбот непрекинато да носите тежок товар. Обидете се со длабоко дишење да ги опуштите мускулите и да си направите купка со етерични масла за опуштање.
3. Проблеми со спиење
Овој проблем како последица носи невиден змор, а се случува и главно затоа што не можете да престанете да размислувате за работа и работи кои сеуште не сте ги решиле. За да не посегнувате по лекови на перницата ставете неколку капки од етеричното масло на лаванда која би требало да ве опушти и да ви помогне да заспиете.
4. Раздразливост
Сиптомот на раздразливост се јавува поради премногу размислување кое секогаш повлекува песимистички мисли кои почнуваат да ве мачат и секоја ситуација почнувате да ја гледате со негативен исход. Обидете се да ги гледате само позитивните страни на се’ и дајте си малку одмор и наградете се за се’ што во текот на неделата сте направиле добро.
5. Мигрени
Овој интензивен облик на главобока се јавува поради премалку сон и преголемо количество на обврски. Исто така една од причините на мигрената е хидратацијата. Ако добиете мигрена остатокот од денот земете го слободен и отспијте во затемнета соба. И, не зборавајте да пиете доволно тености, односно вода во текот на денот.
Знаци кои покажуваат дека сте под голем стрес
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.