Знаете ли што претставува? Канадскиот актер привлекол внимание со црвен отпечаток од дланка на лицето и испратил силна порака


Младиот канадски актер Д’Фараон Вун-АиТа вчера присуствувал на 76-тото доделување на наградите Еми, каде со својот изглед го привлекол вниманието на публиката и медиумите.
Имено, 22-годишниот актер и ѕвезда на серијата „Reservation Dogs“ прошетал по црвениот тепих, а на устата имал црвен отпечаток од дланка.
Црвениот отпечаток над устата се толкува како тивка изјава за солидарност со движењето посветено на домородните жени низ САД и Канада кои исчезнале или биле убиени.
Според веб-страницата на непрофитното движење Native Hope, кое се занимава со прашањето на исчезнатите и убиените домородни жени, црвената рака се залага за „сите исчезнати жени, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и институциите кои треба да ги спроведува овие закони“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by reservation dogs scenepacks (@reservationdogsscenes)


Вун-А-Таи бил номиниран за најдобар главен актер во хумористична серија и тоа за „Reservation Dogs“. Иако не ја освои наградата, тој влезе во историјата како првиот домороден актер кој беше номиниран во категоријата главна улога.
Тој е е воедно и најпознат и по улогата на Беар Смолхил во серијата „Reservation Dogs“, која се фокусира на домородните тинејџери во Оклахома.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес започнува ПОЛНАТА ЦВЕТНА МЕСЕЧИНА ВО СКОРПИЈА и носи невидено чудо за овие 4 знаци: Тие можат да манифестираат сè што ќе посакаат и нема шанси тоа да НЕ се оствари

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …