ЗИМСКА ПРИКАЗНА го освојува Пелистер


Вчера, на Пелистер, започна новата традиција – „Куќа имам на Пелистер“, инспирирана од стиховите на легендарниот Јонче Христовски. Овој настан е повеќе од обично собирно место – тоа е приказна за природата, авантурите и традицијата што ја слави нашата Битола.

Над 1.000 посетители, повеќе од 20 локални производители, и незаборавни моменти за сите кои ја доживуваат убавината на Баба Планина.


Од лизгалиштето во Битола, кое е новото срце на градот, до авантурите на Пелистер, „Зимска приказна“ ја покажува својата моќ да се шири и инспирира луѓе со нови идеи, но и да создава нови можности за сите.

Посебна благодарност до Националниот парк Пелистер, нашите локални херои – производителите, и сите вас кои сте дел од оваа магија. Заедно, ја поставуваме Битола на мапата на зимски туризам и празнични дестинации.


Битола ја пишува новата зимска приказна – заедно создаваме спомени што ќе траат вечно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …