„Зборуе Радио Скопје“ – настан по повод 80 години Македонско радио

Стотројка ќе го одбележи јубилејот – 80 години Македонско радио, вечерва во Ла Кања, со почеток во 21:00 часот.

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите македонски зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ.


На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска Штампа, 5060 и Фликер Студио, го претставува пригодниот свечен постер во авторство на македонскиот ликовен уметник Иван Ивановски, едноставно насловен „Зборуе Радио Скопје“. Се работи за графика во сито печат техника, достапна во ексклузивен лимитиран тираж.

Вечерта звучно ќе ја обликува Ѓорѓи Јаневски со широк спектар македонска музика во сите правци, архивски добра, теренски снимки и некои необјавени ушни задоволства.


„Мажи накитени, жени наредени,
в борба ми одат, борба за слобода“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …