Завршна Конференција: „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“

Завршната конференција „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“, која ќе се одржи на 12 август 2024 година во „Рагуза 360“ во Скопје.

Конференцијата ќе биде составена од две панел дискусии: „Импактот на проектот врз зголемување на младинското учество“ и „Споделување на успех и добри практики за зголемено младинско учество“. На овој настан, со особена гордост, ќе го одбележиме и Меѓународниот ден на младите, кој што се одбележува токму на 12-ти август.


Дополнително, конференцијата ќе биде посветена и на доделување на награда за една од општините која се издвојува како отворена, инклузивна и општина која работи во насока на подобрување на локалното владеење и вклучување на младите.

Овој настан е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој се спроведува во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип , Платформата за зајакнување на младите од Гостивар и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола, со поддршка од Европската Унија.


Вашето присуство и учество се од клучно значење за успехот на овој настан. Потврдете го вашето присуство најдоцна до 8 август 2024 година на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdM…/viewform

Погледнете ја агендата подолу за повеќе детали.


 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Поради карцином и ги извадиле ДВЕТЕ ГРАДИ, а потоа дознала за СТРАШНАТА ДИЈАГНОЗА: „Се тресев кога ми кажаа“

Октомври е месец на борбата против ракот на дојката, злобна болест која не штеди и …