Властите во Лас Вегас веруваат дека пукањето било сосема случајно и се случило кога Ли го шетал своето куче во раните утрински часови.
Рок гитаристот Џејк Е. Ли, кој свиреше со Ози Озборн, бил хоспитализиран рано наутро во вторникот откако „повеќе пати“ бил застрелан во Лас Вегас, изјавил претставник на музичарот за Си-Ен-Ен.
„Ли е целосно свесен и добро се чувствува на одделот за интензивна нега во болницата во Лас Вегас. Се очекува тој целосно да закрепне“, рекол претставникот.
Пукањето се случило додека Ли бил надвор шетајќи го своето куче и се верува дека е „тотално случајна жртва“.
Според соопштението на полицискиот оддел во Лас Вегас, „полицајците одговориле на пукање во блокот 11000 на улицата Алора“ околу 2:42 часот во вторникот.
– Службениците пристигнале и откриле машка жртва со очигледни прострелни рани. Мажот е пренесен во болница – се наведува во соопштението.
Истрагата е во тек и засега нема уапсени, соопшти полицијата.
– Властите во Лас Вегас веруваат дека пукањето било сосема случајно и се случило кога Ли го однел своето куче на прошетка во раните утрински часови. Бидејќи инцидентот е под полициска истрага, нема да има дополнителни коментари. Ли и неговото семејство го ценат почитувањето на нивната приватност во овој момент, пренесуваат медиумите.
Фото: Илустрација