ЗАПОЧНУВА НОВА ПРИКАЗНА „СИТИ БАЗАР” – МЕСЕЧНИ НАСТАНИ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Од јануари, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува нова и возбудлива иницијатива – „Сити базар”. Оваа платформа подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци.

Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби. Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол не само што ќе обезбеди простор за промовирање на иновативните занаетчии, туку и ќе ги поттикне посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат креативниот влог на македонските ракотворци.


Со поттикнување на локалната заедница и промовирање на традиционалните и современите занаети, овој нов проект, не само што ќе создаде платформа за македонските производители, туку и ќе ги задоволи интересите на посетителите со разновидни настани што ќе ја афирмираат локалната култура.

Новата платформа „Сити базар” ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.


„Сити базар”е можност да се создаде нова културна и социјална динамика во нашата заедница, место каде ќе се поттикнат позитивни промени во општеството и каде ќе се збогатат искуствата на сите посетители.

Јануарска викенд приказна-  се првите два базари, кои ќе бидат дел од  платформата „Сити базар” и на кои ќе се претстават занаетчии со органски производи од мед, еколошки восочни продукти, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа.


 Во рамките на „Сити базар – јануарска викенд приказна”, на првиот кат од молот на 18 и 19 јануари ќе земат учество:

Малезан ФилигранOne of a cup, Номади Количеви, од пчеларското здружение „Природен мед” земаат учество: пчеларство Додевскипчеларство Аврамоски и пчеларство РадическиКреативно студио Алегра, Филигран од Срма СофијаВесна Зафировска, Карло ХорватStardust Kejt Rakotvorbi, МеденаMarcy’s handmade, ЕКО восочни обвивки, Julie Decoupage, Love Corner и Јуник Корнер. 

На 25 и 26 јануари ќе се случува вториот викенд базар на првиот кат од молот и ќе се претстават брендовите:

Ателје Tara Fashion, VGJ ArtIrena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед” земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катчеINFINITY ACCESSORIESКатарина Дода, Еpoxy handmade by clayАrtemis- рачни изработкиАтелје СиенаФРЕНКЛИZen.Zeal и Монкдолс.   

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …