Започна петтото издание на Скопскиот поетски фестивал


Петтото издание на Скопскиот поетски фестивал започна вчера, а ќе трае до 26 април. Фестивалот ќе се одржи на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје.

Мотото на годинашниот фестивал е „Од ритам до алгоритам“ („Поезијата е ритам ‒ од срцата в гради до пулсот на градот./Јазикот е алгоритам ‒ со кодови го храни за смислата гладот“). На фестивалот ќе гостуваат поети од Словенија, Турција, Грција, Србија и од Бугарија, а ќе настапат и триесетина домашни поети.


Во деновите што следуваат ќе се одржат неколку поетски читања, поетско-музички перформанси, промоции на книги, изложба на парфеми, а ќе се одржи и мастер-клас/работилница за креативно пишување поезија.

Годинашното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура и туризам.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на …